Подготовете пица со домашно подготвено тесто кое не треба да го месите

Фото: Unsplash

Домашно подготвената пица е одличен викенд ручек, а најдоброто од сѐ е што на неа можете да ставите што вие најмногу сакате.Еве како да направите тесто за пица, кое не треба да го месите.

Состојки:

– 500 грама брашно
– 450 мл јогурт
– 2 јајца
– 1 кесичка прашок за печиво
– 1 кесичка сода бикарбона
– малку сол

Подготовка:

Прво изматете ги јајцата, а потоа додадете ги и останатите состојки. Матете со миксер за да добиете тесто малку погусто отколку за правење палачинки.
На тавата во којашто ќе ја печете пицата ставете малку брашно и масло, пред да го поставите тестото. За да го распоредите тестото на тавата, развлекaувајте го со лажица претходно потопена со врела вода. Наредете ги омилените состојки одозгора и печете додека тестото не ја добие посакуваната боја.

Добар апетит!

Рецепт за штрудла со спанаќ, неповторлив вкус

Како се прави домашен хумус? Направете здрав намаз од наут

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот