Почнува битката за пратенички листи

И во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека партиските мерења ќе го дадат конечниот одговор за тоа кој се ќе се најде на пратеничките листи.

Како се ближат изборите на 12 април, така се зголемува интересот на јавноста за тоа кој се ќе седне во пратеничките клупи и дали бројот на старите ќе биде поголем од оној на новите пратеници. Предвидувањата на познавачите на парлементарното работење се дека барем половината од 120 народни избраници нема повторно да седнат во собраниските столчиња. Слични се проценките и на актуелните пратеници и од власта и од опозицијата. Поголем дел од нив и од нивните колеги нема повторно да го дишат собранискиот воздух.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ отворено посочуваат дека нема да се најдат на изборните листи. Сметаат дека ваквата математика стана реалност по изјавата на претседателот на партијата Хрстијан Мицкоски, кој рече дека изборните листи ќе ги предводат лица кои досега не биле пратеници, но и дека на нив нема да се најдат голем дел сегашните пратеници.

Во СДСМ пак неофицијално велат дека кај нив во партијата се уште не започнало составувањето на изборните листи. Посочуваат дека во моментот се насочени кон завршувањето на започнатите работи, а дури потоа ќе го стартуваат процесот на формирањето на листите.

– Реалноста е дека целото наше внимание во моментов е свртено кон работата. Трошењето на време на определување на листите. Претпоставуваме дека ќе се раководиме од крајниот рок до кога листите треба да бидат досавени до ДИК – велат во СДСМ.

И во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека партиските мерења ќе го дадат конечниот одговор за тоа кој се ќе се најде на пратеничките листи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот