Снимањето ќе се одвива на повеќе локации низ Македонија

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов

Во продукција на „Сити стар“ (City Star) на 28 декември 2025 година почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов.

Филмот „Голиот рид“ е трилер кој акцентот го става на напнатата атмосфера, психолошката длабочина на ликовите и современиот визуелен пристап.

Филмот се реализира со домашна екипа и актерска постава, а снимањето ќе се одвива на повеќе локации низ Македонија.

Проектот претставува уште еден значаен чекор во развојот на македонската филмска продукција и во афирмацијата на жанровскиот филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот