Починал работник додека извршувал работни задачи во локомотива

На пругата помеѓу железничка станица „Агино Село” и железничка станица „Дељадровци”, на С.В.(51) од с.Долно Коњаре, кумановско, кој извршувал работни задачи во локомотива, вчера му се слошило, по што од страна на С.Д.(63) од Куманово бил пренесен на железничка станица „Миладиновци” каде од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 11.10 часот во СВР Скопје, а се случил дента околу 10.20 часот.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено во судска медицина за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот