Починал, го погребале без протокол за Ковид 19, па позитивниот брис стигнал по закопот

Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Педесет и тригодишен скопјанец кој починал во скопска приватна болница, а кому посмртно му бил земен брис за коронавирус, и излегол позитивен, воопшто не бил погребан по протоколи за ковид 19, пишува СДК.мк.

Семејството го зело покојникот и го измило телото, го погребало со верски и народни обичаи, бидејќи во моментот немало позитивен резултат на коронавирусот, односно тестот бил во фаза на изработка.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, вели дека се анкетираат сите од фамилијата и вработените во приватната болница, за да се утврди дали има нов кластер.

Пациентот во тешка состојба бил донесен на приватна клиника, не можеле да го спасат со реанимација и не давал знаци на живот. Тој имал претходни пропратни болести, а влошена здравствена состојба имал неколку дена порано, но не викнале доктор ниту го однеле во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот