Почина жената која ја откри аферата на Бил Клинтон со Моника Левински

Фото: Википедиа

Американката Линда Трип, која тајно ги снимаше разговорите на поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата соработничка Моника Левински и ја откри нивната афера, почина на 70-годишна возраст, објави нејзиниот адвокат, без да потврди дали шпекулациите дека починала од коронавирус се вистинити.

9 февруари 2001, Линда Трип на гостување кај Лери Дејвид / Фото: Chris Kleponis / Zuma Press / Profimedia

Трип стана позната на јавноста во 1998 година, кога во процесот на отповикување на Клинтон приложи снимки од неговите разговори со Левински, кои станаа главен доказ за случајот.

Нејзината ќерка пред неколку дена сподели на социјалните медиуми дека Линда е во критична здравствена состојба и се чувствува многу лошо, на што се огласи и Моника Левински на нејзиниот твитер-профил и напиша: „Без разлика на минатото, откако слушнав дека Линда Трип е сериозно болна, се надевам за нејзиното опоравување. Не можам да замислам колку е ова тешко за нејзиното семејство“.

За време на скандалот таа беше државна службеничка, а од 1994 година работеше за Пентагон. Во јануари 2001 година ја загуби работата во Пентагон и речиси 100.000 американски долари годишна плата кога стапи на сила администрацијата на Џорџ Буш.

Линда Трип (средина) Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Потоа, Трип го тужеше Министерството за одбрана, тврдејќи дека официјален претставник на Пентагон во 1998 година му дал на Њујоркер доверливи лични информации за неа и како дел од спогодбата постигната кон крајот на 2003 година, добила повеќе од 595.000 американски долари ретроактивно, унапредување и поголема плата за последните три години работа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот