Почина Спенсер Дејвис: Гитаристот кој помогна во популаризирање на американскиот блуз во Велика Британија

instagram

Спенсер Дејвис, кој како водач на бендот „The Spencer Davis Group“ во 60-тите години на минатиот век двапати се најде на врвот на плејлистите во Велика Британија, почина за време на лекувањето од пневмонија.

 

Instagram

 

Групата, која се формираше во Бирмингем во 1963 година, во која членуваше и Стив Винвуд, е позната по хитовите како „Gimme Some Lovin“, „Keep On Running“, „Somebody Help Me“ и „I’m a Man“.

 

Заедно со голем број други британски поп групи, тие помогнаа да се популаризира звукот на амерканскиот блуз и „R&B“ во Велика Британија.

Винвуд го напушти бендот во 1967 година, а Дејвис и другите ги прекинаа своите настапи во 1969 година. Тие делумно се формираа две години подоцна, и повторно се вратија во 2006 година на меѓународна турнеја.

Instagram

Девис најпрво свирел американски фолк и традиционален блуз. „The Spencer Davis Group“ беа дел од просперитетната „бит“ сцена во средината на 60-тите години, свирејќи музика под влијание на американскиот ритам и блуз.

„I’m a Man“ беше последниот голем хит на групата, стигнувајќи до Топ 10 во САД и во Велика Британија.

 

 

По распаѓањето на бендот, Дејвис се преселил во САД, борејќи се со финансиски проблеми.

 

Instagram

Не сфаќав што се случува. Продадов милиони плочи и немав видено ниту денар од нив“, изјави Спенсер во 2005 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот