Почина Слаѓана Милошевиќ, музичка икона на поранешна Југославија

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Српската пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина на 69-годишна возраст, потврди нејзината пријателка.

Милошевиќ починала во Земунската болница, по кратко боледување, а датумот и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.

Слаѓана Милошевиќ се бореше со сериозни здравствени проблеми. Легендарната пејачка била во болница на лекување во последните десет дена, пишуваат српските медиуми.

Таа била тешко болна, имала инфекција на белите дробови и во еден момент била позитивна на ковид-19, неофицијално дознава српски „Телеграф“.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во Југославија.

Првиот самостоен настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што  освоила „Гран при“.

Милошевиќ почна да крши табуа кога објави песна наречена „Sexy dama“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.

Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“.

Со Дадо Топиќ  во 1984 година ја сними песната „Принцеза“, која беше преведена и на англиски јазик, а во 1989 година замина за САД, каде извесно време свиреше со групата „Бејби систер“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот