Почина охридскиот истражувач и археолог Гоце Ангеличин Жура

На 67 години синоќа почина охридскиот историчар на уметност, истражувач и археолог Гоце Ангеличин Жура.

Жура, кој беше дипломец на Филозофскиот факултет во првата генерација на отсекот Историја на уметност со археологија, сиот свој професионален ангажман го мина како советник конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид.

Тој беше основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Прв истражувач на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе што резултира со откривање на нови ликови на Светите Климент и Наум и со тоа пополнува една огромна празнина за овој период. Неговите истражувања резултираат со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост.

Гоце Жура ја заинтригира јавноста за вредностите на средновековната уметност преку бројните јавни настапи и соработка во аудио-визуелни проекти. Поради стручната и научна активност и големите достигнувања, застапен е во Првата македонска енциклопедија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот Св. Климент Охридски во 2007 година. Има напишано 20 книги и монографии и преку 50 научни трудови.

Гоце Ангеличин Жура ќе биде погребан утре во 13 часот на Градските гробишта во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот