Почина Момчило Моца Вукотиќ, легендарниот фудбалер на Партизан

Момчило Моца Вукотиќ со ФК Партизан трипати го освојуваше првенството на Југославија/Фото: partizan.rs

Хумска се збогува со иконата која го носеше дресот на белградските „црно-бели“: „Ти беше еден од најголемите…“

По кратко и тешко боледување денеска во Белград почина Момчило Моца Вукотиќ, легендарниот фудбалер на Партизан почина на 72-годишна возраст.

Вукотиќ најголемиот дел од кариерата го помина играјќи во „црно-белиот“ дрес, во кој беше рекордер со вкупно 791 одигран натпревар и 339 голови за Партизан.

Беше југословенски и српски фудбалер, а подоцна и тренер. За југословенската репрезентација играше 14 пати, а дебитираше во 1972 година против Италија кога постигна гол во поразот од Југославија со 3:1.

Од мали нозе беше член на Партизан. Во 1968 година стана првотимец. Со „црно-белите“ трипати го освојуваше првенството на Југославија: 1976, 1978 и 1983 година. Во два наврати беше член на клубот од Хумска, во периодот 1968-1978 и 1979-1984 година.

Воедно беше член на францускиот клуб Бордо од 1978 до јули 1979. Кариерата ја заврши во сезоната 1983/84. а истата година е назначен за технички раководител на ФК Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот