Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД

Медлин Олбрајт
Медлин Олбрајт/ Фото EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA

Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, која помогна да се води западната надворешна политика по Студената војна. Таа почина на 84- годишна возраст, објави Си Ен Ен.

Нејзината смрт беше потврдена во мејл до персоналот на групата Олбрајт Стоунбриџ, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт.

Кога Олбрајт ја презеде функцијата на 64-државниот секретар на САД на 23 јануари 1997 година, таа стана првата жена-државнен секретар на САД и највисоко рангирана жена во историјата на американската влада.

Бидејќи не беше родена во САД, таа немаше право да се кандидира за американски претседател и беше исклучена од нуклеарните планови за непредвидени ситуации. Во нејзината позиција како државен секретар, Олбрајт ги зајакна САД и сојузниците; се бореше за демократијата и човекови права и ја промовираше американска трговија и бизнис, труд и стандарди за животната средина во странство.

За време на нејзиниот мандат, Олбрајт значително влијаеше врз американската политика во Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток. Таа го навлече гневот на голем број Срби во поранешна Југославија за нејзината улога во учествувањето во формулирањето на политиката на САД за време на војната на Косово и војната во Босна како и на остатокот од Балканот. Но, заедно со претседателот Бил Клинтон, таа и понатаму остана главна популарна фигура во остатокот од регионот, особено во Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот