Брновиќ и Трамп / Фото: Икс

Почина Марк Брновиќ – Трамп лани го номинира, па не го испрати за амбасадор во Србија

Поранешниот државен обвинител на американската држава Аризона и несуден амбасадор во Србија, Марк Брновиќ, почина на 59-годишна возраст, соопшти неговото семејство, објавија српските медиуми.

 „Со длабока тага, семејството Брновиќ објавува дека Марк Брновиќ почина. Најпознат како 26-ти државен обвинител на Аризона, државен и федерален обвинител и застапник за правда, тој секогаш ќе биде запаметен и ценет како грижлив татко, сопруг, син и брат. Скршени сме од оваа загуба и длабоко трогнати од изливот на љубов и поддршка од толку многу прекрасни луѓе низ целата држава и земјата. Семејството моли за приватност во овој тежок период. Организацијата на комеморацијата ќе биде објавена штом ќе биде достапна“, се наведува во објавата од неговото семејство.

Причината за смртта не е објавена.

Брновиќ лани беше номиниран од Доналд Трамп, за позицијата амбасадор на САД во Србија во март минатата година, но американскиот претседател подоцна ја повлече номинацијата.

Брновиќ припаѓа на првата генерација југословенски деца кои избегале во Америка. Неговите родители се Срби кои емигрирале од поранешна Југославија, а самиот Брновиќ често го споменувал своето потекло во своите говори и наведувал дека уште од детството посетувал служби во црквата „Свети Сава“ во Феникс.

Тој често кажуваше дека се држи до поговорката „Само слогата ги спасува Србите“ и дека верува дека неговиот народ, само обединет, може да се справи со сите предизвици.

Трамп се пишмани, не го праќа Марк Брновиќ за американски амбасадор во Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот