Почина Лиза Мари Присли, единствената ќерка на Елвис Присли

Фото: EPA/Profimedia

Пејачката и единствената ќерка на Елвис и Присила Присли, Лиза Мари Присли почина на 54-годишна возраст, откако вчера беше итно хоспитализирана, пишува „Гардијан“.

Нејзината 77-годишна мајка ја потврди оваа вест.

„Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари нѐ напушти.

Таа беше најстрасната, најсилната и најсаканата жена што некогаш сум ја познавала. Бараме приватност додека се обидуваме да се справиме со оваа длабока загуба.

Ви благодариме за љубовта и молитвите. Засега нема да има дополнителни коментари“, изјави Присила Присли во соопштение до јавноста.

Лиза Мари Присли беше хоспитализирана поради срцев удар во текот на вчерашниот ден, објави „Ти-ем-зи“.

Два дена пред да биде хоспитализирана, таа се појави на годинашното доделување на филмските награди Златен глобус, заедно со повеќе членови на нејзиното семејство. Тие беа присутни на настанот како поддршка за режисерот Баз Лурман, кој го сними биографскиот филм за Елвис Присли – „Elvis“.

Актерот Остин Батлер, кој ја одигра улогата на Елвис Присли, ја освои наградата во категоријата „Најдобар актер во филм од жанрот драма“.

„Навистина не знаев што да правам со себе откако го изгледав. Ми требаа отприлика пет дена за да го испроцесирам бидејќи беше толку одличен, толку точен и толку автентичен“, изјави Лиза Мари Присли за филмот „Elvis“.

Повеќе на темата:

Целосна посветеност: Остин Батлер не го видел семејството три години додека се подготвувал за „Elvis“

Јадете како рокенрол легенда: Како настанал познатиот Елвис сендвич

„Живата кукла“ на рокенрол легендата: Присила никогаш не смеела да се појави пред Елвис Присли несредена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот