Почина легендарната актерка Дорис Деј

profimedia

Дорис Деј, познатата холивудска ѕвезда, почина на 97-годишна возраст.

Актерката починала во својот дом во Кармел Волеи во Калифорнија од компликација настаната поради воспаление на белите дробови, опкружена со најблиските пријатели.

Како што соопшти Фoндацијата, Дорис Деј била во одлична психофизичка состојба за своите години, додека неодамна не добила сериозно воспаление на белите дробови.

profimedia

Актерката и пејачка играше во речиси 40 филмови и важеше за една од најголемите ѕвезди на 60-тите години.

Музичката кариера ја започна во 1939 како членка на голем бенд, а нејзината популарност започна да расте со првиот хит сингл „ Sentimental Journey“ од 1945 година. Откако го напушти бендот на Лес Браун, Деј започна соло кариера.

profimedia

Во периодот меѓу 1947 и 1967 година колку што траел договорот, снимила повеќе од 650 песни за оваа дискографска куќа и со тоа станала една од најпопуларните пејачки на 20-тиот век.

Во 1948 година ја доби првата филмска улога во музичката комедија „Романса на отворено море“. Настапи во вкупно 39 филмови во текот на својата кариера. Беше номинирана за наградата Оскар за улогата во филмот „Шепотење на перница“ од 1959 година и добитничка е на Наградата Сесил Б. Демил за животно дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот