Почина фолк-пејачот Зоран Калезиќ

Фото: РТС

Популарниот српско-црногорски пејач Зоран Калезиќ почина на 73-годишна возраст, по долго и тешко боледување, објавија српските медиуми.

Калезиќ е роден на 1 февруари 1950 година во Даниловград, Црна Гора. За време на неговата кариера, која траеше неколку децении, тој продаде повеќе од 15 милиони копии на плочи и дискови.

Шест години беше претседател на Здружението на естрадни уметници и изведувачи на Србија. Снимил голем број традиционални црногорски песни како и песни компонирани во духот на црногорската традиција.

Со концерт во белградскиот „Сава-центар“ во 2016 година одбележа педесет години работа.

Со сопругата Ирена, Калезиќ има син и ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот