Почина човекот кој ја одведе Црвена звезда на светскиот трон! (ВИДЕО)

фото: твитер/rs.n1info.com

Денеска почина Владица Поповиќ (85), тренер на Црвена звезда со која во 1991 година во Токио го освои Интерконтиненталниот куп со победата над Коло Коло.

Во тој триумф од 3:0 двапати во листата на стрелците се запиша Владимир Југовиќ, а еднаш поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев. Во редовите на Црвена звезда настапуваше и Илија Најдоски.

Како играч Поповиќ петпати беше шампион на Југославија со „црвено-белите“, а се закити и со една титула како тренер.

За Црвена звезда играше од 1953 до 1965 година, запиша 499 настапи во дресот на белградскиот клуб. Петтопласиран на вечната листа во тој клуб по бројот на одиграни натпревари.

Исто така ги бранеше уште боите на германскиот Штутгарт и Депортиво Канаријас од Венецуела каде и ја заврши професионалната кариера како фудбалер.

Имаше 20 натпревари за репрезентацијата на Југославија, играше на Светското првенство во Чиле каде што неговата селекција заврши на четвртото место. А на Олимписките игри во Мелбурн 1956 година со Југославија дојде до сребрениот медал.

Тренерската кариера ја започна во Боливија, а во Колумбија беше првак со Санта Фе и Депортиво Кали. Беше првиот и единствениот странски тренер кој тој трофеј го освојуваше со два клуба. Воедно го водеше Перу на „Копа Америка“ во 1993 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот