Почина басистот на „Битлси“, со Џон Ленон бил од самиот почеток

Profimedia
Фото: Профимедиа

Британскиот музичар, гитаристот кој свиреше со легендарната група „Битлси“ почина на 81-годишна возраст. Час Њуби беше член на првиот бенд на Џон Ленон, „Кворимен“ (The Quarrymen). Клубот „Каверн“, каде „Битлси“ ја започнаа својата кариера во Ливерпул, вчера ја објави веста за неговата смрт.

„Голема е тагата да се слушне за смртта на Час Њуби“, рекол портпаролот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Pre-Amps (@thepreamps)


Час им се придружил на „Битлси“ на неколку состаноци кога Стјуарт Сатклиф останал во Хамбург.

„Интересно е што тој беше и првиот леворак бас гитарист во ‘Битлси’. Почивај во мир Час Њуби“.

Биографот и историчар на „Битлси“ Марк Луисон додал:

„Почивај во мир Час Њуби, комплетен ‘Битлс’ и поштено момче.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariel Arcangel Bonilla (@arcangel_88)


Братот на поранешниот тапанар на „Битлси“, Пит Бест, ја потврдил веста во вторникот на Фејсбук.

„И Пит и јас и целото семејство Бест сме апсолутно скршени кога ја слушнавме многу тажната вест во врска со еден од најблиските пријатели на семејството Час Њуби кој почина синоќа“, рекол Роаг Бест. „Многу од вас ќе го знаат по тоа што свиреше бас гитара и за ‘Битлси’ и за ‘Квoримен’, но за нас тој беше опуштениот Час со големата насмевка. Тој навистина ќе ни недостига. Засекогаш во нашите мисли. Бог да те благослови Час“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот