Почина актерката Кетрин Кејтс

Актерката Кетрин Кејтс, која се појави во хит ТВ сериите „Orange is the New Black“ и „Seinfeld“, почина на 73-годишна возраст.
Претставници на актерката од „Headline Talent Agency“ потврдија дека актерката починала минатата сабота во Флорида, од рак.
Иако не е јасно од каков вид на рак боледувала, нивната изјава укажува дека таа го победила во минатото но подмолната болест минатата година повторно се вратила.
View this post on Instagram
И покрај нејзините корени од Њујорк, нејзината кариера започна во Лос Анџелес, каде што беше една од 25-те основачи на
„The Colony Theatre“, заедно со Џон ЛаРокет.
Ги продуцирала сите драми на компанијата во првите шест години од 1975 до 1981 година заедно со Барбара Бекли.
Видео на денот