Почина актерката Бернадет Хант

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Актерката Бернадет Хант, која се прослави со улогата во серијата „Гладијатори“, почина по повеќегодишна борба со ракот, пишува „Дејли мејл“.

Таа се појави во познатата серија во втората сезона во 1993 година и глумеше до крајот на серијата. Тажната вест за нејзината смрт ја сподели партнерот на сестрата на Бернадета, Карол – Рик Џанго.

Тој на социјалните мрежи напиша дека таа е меѓу „најдобрите луѓе што некогаш ги запознал“.

„Таа никогаш немаше лош збор за никого и навистина секогаш беше позната како најсимпатичната „гладијаторка“ секогаш подготвена да застане и да разговара со сите и да дава автограми. Таа со години се бореше со ракот додека, за жал, не ја загуби борбата“, додал Рик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот