Победа на македонските тенисерки без загубен гем против Уганда

Македонија со 3:0 ја совлада Уганда бо Били Џин Кинг Купот/Фото: mtftennis.mk

Денеска на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Градскиот парк – Скопје македонската женска сениорска репрезентација започна триумфално во рамките од Били Џин Кинг Купот, трета група Европа/Африка.

Нашата селекција без загубен гем со максимални 3:0 славеше против репрезентацијата на Уганда.

Магдалена Стоилковска во сингл конкуренцијата со 2:0 во сетови 6:0 и 6:0 ја совлада Меги Намаганда, а со истиот резултат славеше и Лина Ѓорческа против Вини Бирунги.

А во двојки Катарина Маринковиќ и Александра Симева со 6:0 и 6:0 беа подобри од Вини Бирунги и Меги Намаганда.

Во нашата група „Ф“ Јужна Африка запиша победа против Боцвана. Тенисерките од Боцвана ќе бидат следните противнички на Македонија.

На купот ќе земат учество повеќе тенисерки од различни земји во светот, само победникот на овој куп ќе добие шанса да биде промовиран во групата 2 од Евроафриканската зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот