По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Зендели: Ќе ни останат две тешки сенки
Арта Билали – Зендели, пратеничка на ДУИ за „Слободен печат“
За жал, оваа година ќе ја паметам по двете големи трагедии што ги доживеавме. Палењето на модуларната болница во Тетово и трагедијата во Бугарија се „тешките сенки“ на 2021 година. Во Бугарија го изгубив мојот најдобар ученик, чиј глас сè уште ми одѕвонува во ушите. Но, за среќа, годинава ни ги донесе вакцините против ковид-19, кои ги прифатив без никакво двоумење.
Препорачано
Во Собранието работите напредуваа со повремени блокади, но има и некои процеси кои напредуваа. Би го издвоила донесувањето на Законот за попис и локалните избори како настани од политичко значење, од кој верувам дека сите што сме биле вклучени извлекле поука. Сепак, успеавме да ги зачуваме гласовите и тоа е добар знак за политичкиот субјект на кој припаѓам. Предизвикувачки во Собранието беше и гласањето на Законот за изградба на Коридорот 8 и 10, прогласувањето на Шар Планина за национален парк.
Имаме уште работа, како во Собранието, така и во другите области, што верувам дека ќе го постигнеме со позитивност, сериозност и посветеност. Среќно, само среќа за вас и вашите читатели!


