фото: EPA-EFE/Sander Koning

По поразот во Гвадалахара, на српска тенисерка ѝ се закануваат со смрт и силување

Српската тенисерка Наталија Стевановиќ е поразена во финалето на квалификациите за турнирот во Гвадалахара од Марија Матеас со 6:3, 7:5.

Она што беше полошо од поразот беше реакцијата на многу корисници на социјалните мрежи. Имено, поради поразот Стевановиќ доби многу навредливи пораки и закани, воглавно од луѓе кои се обложуваат на спортските натпревари.

– Што да кажам после ова? Морам да се плашам за мојот живот само затоа што загубив меч по повреда? Спортистите даваат сè од себе на теренот, а ваквите закани се навистина нешто сериозно. Ова го објавувам за првпат затоа што веќе ми е доста од вакви пораки кога и да не победувам – објави Стевановиќ на Инстаграм и потоа ги сподели заканите.

Меѓу нив има неколку закани со смрт и силување, како и закани со тепање и гнасни пцости и навреди.

*Предупредување дека содржината на пораките е вознемирувачка. Деталите за тоа што го објави Стевановиќ можете да ги погледнете ТУКА

Наталија Стевановиќ, единствената српска тенисерка на главниот ждреб на Вимблдон чија јуниорска кариера е поврзана со Скопје и семејството Марковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот