По пијанствата, скандалите и неверствата таа му остави цел список со забрани (ФОТО)

Ќе видиме дали темпераментниот фудбалер ќе успее да се справи со овие забрани или ќе продолжи по свое.

Сопругата на британскиот фудбалер Вејн Руни, 33-годишната Колин родниот Ливерпул, наводно,толку многу и недостасува што таму одлучи да го помине целото лето, додека Вејн ќе остане во Америка поради обврските кои ги има кон својот клуб.

На Колин не и беше лесно да ја донесе оваа одлука, со оглед на тоа што бракот претходно оваа година и висеше на конец, откако тој беше виден како пие со келнерка во доцните ноќни часови, само неколку недели откако беше уапсен во алкохолизирана состојба на аеродромот.

Тоа не беше првиот таков инцидент бидејќи Руни беше апсен и во 2017 година.

Поради многуте испади на сопругот, Колин му оставила низа упатста, но и забрани до кои ќе мора да се придржува додека неа ја нема.

На пример, не смее да оди на журки и да консумира алкохол, а покрај тоа ќе мора да и се јавува секој ден. Таа во меѓувреме редовно ќе го проверува.

Ќе видиме дали темпераментниот Руни ќе успее да се придржува до тие забрани или ќе продолжи по свое.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот