По пет години Гвен Стефани конечно доби дозвола од Ватикан да се разведе

Пејачката во 2019 година поднесе молба за поништување на бракот со таткото на нејзините три деца, кој јавно ја посрамоти и ѝ го скрши срцето, откако се откри дека ја изневерувал со дадилката на нивните деца.

Сега Гвен доби вест од Ватикан, дека бракот со рокерот Гавин Росдејл, со кого ги има децата Кингстон, Аполо и Зума, конечно е поништен од католичката црква, што ѝ дозволува на 51-годишната пејачка повторно да облече венчаница и да застане пред олтар.

Гвен и Гавин беа во брак од 2002 до 2016 година, а по граѓанскиот развод таа најде утеха во прегратките на кантри-пејачот Блејк Шелдон, кој е вистинска спротивност од нејзиниот поранешен сопруг и како и пејачката е многу религиозен.

Извори блиски на пејачката откриле дека таа веќе долго време се надева на црковна венчавка со Блејк, што досега не доаѓаше предвид.

Службените документи сè уште не стасале на адреса кај Гвен, но телефонски ѝ била потврдена веста дека Ватикан го одобрил поништувањето на бракот со сопругот, кој ѝ го скрши срцето пред пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот