По пет години деблокирана сметката на Општина Карпош, долгот намален за 4 милиони евра

Општина Карпош
Општина Карпош/ Фото: Фејсбук

На 10 август е деблокирана сметката на Општина Карпош, по петгодишна блокада. Според градоначалникот Стевчо Јакимовски за девет месеци, откако тој е градоналчалник исплатени се 154 235 000 денари за блокади со судски пресуди и уште речиси 2 милиони евра други долгови. Моментално, како што рече, Општината должи уште околу 100 милиони денари заедно со ДДВ, односно околу 1,5 милиони евра.

Од 5,4 милиони евра кога дојдов на чело на општината сега ни останува уште околу 1,5. Значи сме вратиле 4 милиона, сметката е деблокирана. Ова го постигнавме со една исклучително вредна работа, пред сѐ работа на зголемување на приходите. Јас секогаш тврдев дека приходите се клучни – ако ги зголемите приходите, ако имате големи приходи, расходите лесно се покриваат. Ние во 2016 година имавме 11,5 милиони евра приход, во 2017 година 9 милиони евра приходи, за во времето на претходното раководство да паднеме на 5 милиона и 200 – 300 илјади евра. Тоа е клучот зошто општината навлезе во една ваква стагнатна положба, односно да не може да се исплатат долговите – рече Јакимовски во своето денешно обраќање на фејсбук.

Тој нагласи дека покрај тоа што работеле на зголемување на приходите, максимално штеделе на електрична енергија, пример што, според него, го следат и други градови во Европа, како на пример Келн каде по 11 часот ќе се гаси уличното осветлување.

Немаме ниту денар потрошено за репрезентација, не користам службено возило и секаде каде можевме да штедите заштедивме. Плод на целата таа работа е општината да не е на нужен минимум, да не работи со блокирана сметка. Со оваа деблокада очекувам до нова година долговите да ги спуштиме некаде на 500 -600 000 евра, а тоа значи ќе имаме повеќе пари за кровови, за младите, за лифтови, фасади и конечно ќе се обезбедат средства за завршување на општинската зграда, за социјалните програми и ќе функционира општината како што и доликува, како моќна и силна Општина Карпош – тврди Јакимовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот