По пауза од една година, Грета Тунберг повторно тргна на училиште

Грета Тунберг/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Шведската активистка за заштита на климата, Грета Тунберг, денеска соопшти  дека се вратила на училиште по едногодишната пауза.

Тунберг на Фејсбук напиша дека завршила нејзината едногодишна пауза и дека е прекрасно чувството повторно да се биде на училиште.

Во јуни 2019 година, таа соопшти дека ќе го напушти училиштето за остатокот од 2019 година и 2020 година за да се посвети на климатските цели.

Минатата недела во Берлин таа се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, во намерата да ја замоли да ја преземе водечката улога во глобалната борба против климатските промени.

-Таа има голема одговорност, но и одлична шанса да го преземе водството во борбата против климатските промени, рече Тунберг по средбата со германската канцеларка.

Тунберг во петокот во Берлин учествуваше на митингот посветен на заштитата на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот