По обвинувањата за расизам: Франческо Ачерби ја напушти репрезентацијата на Италија

фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Италијанскиот фудбалер и дефанзивец на Интер, Франческо Ачерби ја напушти италијанската репрезентација откако беше обвинет за расна навреда на играчот на Наполи, Жуан Жезус во неделата.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) соопшти дека Ачерби им ја претставил својата верзија за настаните на соиграчите во репрезентацијата и селекторот Спалети, каде изјавил дека немал намера да го навредува Жезус на расна основа, туку дека одлучил да не биде дел од репрезентацијата за претстојните два пријателски натпревари, против Венецуела и Еквадор.

– Тој се извини бидејќи сфати дека отишол предалеку, што се случува на теренот, останува на теренот – изјави Жезус по мечот.

Серија А соопшти дека извештајот на судијата ќе биде објавен во вторник, а потоа се очекува да се знае дали ќе биде покрената истрага против Ачерби.

Ачерби ризикува суспензија од 10 натпревари, а италијанските фудбалски власти можат да бараат подолга суспензија доколку сметаат дека е потребно.

Ачерби одговори на обвинувањата велејќи дека никогаш не излегле расистички зборови од неговата уста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот