По обвинувањата за сексуално вознемирување: Градоначалникот на Копенхаген поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/Philip Davali DENMARK OUT

Градоначалникот на Копенхаген, Франк Јенсен, кој е обвинуваат за сексуално вознемирување, денеска поднесе оставка од функцијата како и од местото потпретседател на владејачката Социјалдемократска партија.

Јенсен (59) претходно се извини на двете жени кои го обвинија дека ги „допрел на несоодветен начин” во 2012 година и во 2017 година, но тогаш тврдеше дека не планира да се повлече од функцијата.

Претставничка на огранокот на младите во Социјадемократската партија вчера изјави дека уште осум лица пријавиле дека градоначалникот или ги вознемирувал или биле сведоци на вознемирување.

Јенсен, кој е градоначалник на Копенхаген од 2010 година, за време на викендот доби поддршка од својата партија, но денеска, сепак, реши да се повлече од функциите.

– Тоа ќе фрли сенка на целата политичка работа што сакам да ја работам и затоа одлучив да поднесам оставка од местото градоначалник. Со тоа и давам доволно време на мојата партија да најде замена до наредните локални избори, истакна Јенсен.

Тој, исто така, поднесе оставка од потпретседателското место во Социјалдемократската партија на кое беше од 2015 година.

Премиерката на Данска од Социјадемократската партија, Мете Фредриксен денеска „повика на промена на менталитетот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот