По Куранот во Шведска ќе се пали Библијата и Тората

Фото: anews.com.tr

Шведската полиција денеска одобри собир на кој три лица планираат да запалат по еден примерок од Библијата и Тората пред израелската Амбасада во Стокхолм, а Израел веднаш ја осуди одлуката.

Во барањето испратено до полицијата, организаторот наведува дека сака да ги запали овие верски книги како одговор на палењето на Куранот организирано во јуни пред џамија во Стокхолм, што ги налути муслиманите ширум светот.

Собирот треба да се одржи утре меѓу 13:00 и 14:00 часот по локално време.

Полицијата наведе дека не издала одобрение за официјално барање за палење верски книги, туку одобрила јавен собир на кој ќе се изрази „одредено мислење“.

„Таа разлика е важна, додаде Карина Скагерлинд, портпаролка на полицијата во Стокхолм.

Собирот, сепак, предизвика остри критики од страна на Израел и еврејските организации.

„Го осудив палењето на Куранот, кој е свет за муслиманите ширум светот, а денес душата ме боли од помислата дека истата судбина ја чека и еврејската Библија, вечната книга на еврејскиот народ“, реагираше израелскиот претседател Исак Херцог.

Јаков Хагоел, претседател на Светската ционистичка организација, оцени дека издавањето ваква полициска дозвола не е „слобода на говор, туку антисемитизам“.

На 28 јуни, Ирачанец кој избегал во Шведска запали неколку страници од Куранот пред главната џамија во Стокхолм на Курбан Бајрам, празник што го слават муслиманите ширум светот.

Настанот предизвика низа реакции во муслиманскиот свет, а Советот за човекови права на ОН во средата донесе резолуција со која го осудува палењето на Куранот и изразувањето на верска омраза.

Сепак, некои земји, главно западни земји, се спротивставија на донесувањето на закони за богохулење, но јасно ги осудија таквите постапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот