По финалето на серијата „Peaky Blinders“ ќе се снима и филм

Instagram

Уште во 2017 година, творецот на „Peaky Blinders“, Стивен Најт, размислуваше гангстерската британска серија на „Би-Би-Си“ да доживее и долгометражен филм.

Најт вели дека е прерано да се каже „збогум“ и дека приказната за „Peaky Blinders“ веројатно ќе продолжи во друга форма.

Instagram
Instagram

Ковид ни ги смени плановите. Но, можам да кажам дека мојот план уште од почетокот беше да ги завршам „Bliders“ со филм и тоа ќе се случи“, најави тој за „Деадлајн“.

Веста доаѓа откако Најд објави дека сагата за подемот на бандата од Бирмигнем ќе заврши по шестата сезона.

Instagram
Instagram

Верувам дека ова ќе биде најдобрата сеозна и сигурен сум дека ќе им се допадне на нашите неверојатни обожаватели. И како се ближи крајот на серијата, приказната ќе продолжи во друга форма“, вели тој.

Instagram
Instagram

Најт претходно најави можност за снимање на седма сезона, но поради пандемијата, таа идеја веројатно нема да реализира.

Instagram
Instagram

Сепак, последната шеста сезона започна да се снима неодамна и доцни за нешто помалку од една година заради моменталната ситуација со пандемијата.

Инаку за оние кои ја следат приказната за „Peaky Blinders“, знаат дека оваа серија започна од 2013 година и со секоја следна сезона серијата сериозно градираше.

Instagram
Instagram

Извршниот продуцент Керин Мандабах исто така рече дека последната сезона ќе биде најдобра и дека обожавателите од целиот свет едвај ја чекаат нејзината премиера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот