По 40 дена боледување, негативен првиот брис на лекарката од Куманово

Стискајте палци и за вториот брис што ќе ми го земат утре, напиша Николиќ на нејзиниот фејсбук-профил.

Лекарката од Куманово, Гордана Николиќ која 40 дена беше позитивна на корона вирусот, за прв пат доби негативен резултат, за што е неизменрно среќна

„Прв пат негативен брис, од првиот позитивен на 23 ти март и сите потоа беа позитивни, се до сега. Се радувам како дете. Еве и пивото од фрижидер го најдов да наздравам, за сега уште само на тераса можам да си наздравам сама со себе! Стискајте палци и за вториот брис што ќе ми го земат утре,“ напиша Николиќ на нејзиниот фејсбук-профил.

Докторката од кумановската болница што е најдолго време носител на висусот, е познато дека се зарази меѓу првите во земјава, и тоа во контакт со пациентка која почина, а за која два теста за ковид 19 беа негативни, а оној направен постхумно беше позитивен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот