По 100 години пронајден познат документарец за Амазон: Ова е вистинско чудо

Фото: Eurasia / robertharding / Profimedia

Одамна изгубениот документарен филм „Amazonas, Maior Rio do Mundo“ („Амазон: Најдолгата река на светот“), опишан како „светиот грал на бразилскиот нем филм“, е повторно откриен речиси еден век откако исчезна, пишува „Гардијан“.

Документарецот бил украден од режисерот Силвино Сантос набргу по неговото снимање во 1918 година, а нешто повеќе од една деценија подоцна целосно исчезнал. Филмот повторно се појави на почетокот на оваа година во чешката архива, а го идентификуваа експерти од Италија и Бразил.

„Ова е вистинско чудо. Немавме ни најмала надеж дека ова дело еден ден ќе се најде“, вели Савио Стоко, бразилски филмски експерт, кој го потврди откритието.

Инаку Сантос, режисер роден во Португалија, кој поголемиот дел од својот живот го поминал во Амазон, бил еден од главните креатори на бразилската кинематографија на почетокот на 20 век. Најдобро е запаметен по документарниот филм од 1922 година „No Paiz das Amazona („Во земјата на амазонките“).

„Овој документарец од 1918 година се смета за редок „скапоцен камен“ на бразилската кинематографија поради должината, темата и квалитетот на композицијата. Со фасцинантни снимки од различните пејзажи и жители на амазонската шума, вклучително и некои од најраните познати подвижни слики на домородниот народ Витото, играниот филм „ги спојува различните димензии на документарниот жанр во многу пријатна нарација за гледачот“, објаснува Стоко, професор по визуелни уметности на Федералниот универзитет Пара во Белем.

Снимен во текот на три години во перуанскиот и бразилскиот Амазон, филмот исчезнал пред да биде прикажан во Бразил, поради што продуцентската куќа од Манаус банкротирала.

Негативот го украл соработник на Сантос, Проперсио де Мело Сараива, кој преговарал за меѓународна продажба на документарецот. Документарецот циркулираше низ Европа неколку години, но до 1931 година се изгубија сите траги на филмот.

Сепак, копија од филмот преживеа во Филмската архива во Прага, каде што беше погрешно каталогизиран како американска продукција околу 1925 година.

Сомневајќи се за нејзината етикета, кустосот претходно му испратил примерок на Џе Вајсберг, специјалист за неми филмови и директор на италијанскиот фестивал на нем филм „Порденоне“, каде документарецот ќе биде прикажан оваа недела. Понатамошни прикажувања се планирани подоцна оваа година во Чешка и Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот