Сателитските снимки открија тајна руска воздухопловна база во близина на украинската граница

Русија гради нова воздухопловна база непосредно до границата со Украина, во регионот Белгород, а тоа го потврдуваат и неодамна објавените сателитски снимки.

Според новинската агенција „Милитарњи“, која се наоѓа на приближно 70 километри од украинската граница, тајната воздушна база се формира во близина на градот Алексеевка. Сателитските снимки прикажуваат различни фази на изградба, прикажувајќи го развојот на објектот, пренесува „defence-blog“.

Локацијата е позиционирана на приближно 9 километри западно од Алексеевка, каде што се наоѓа логистички центар за поддршка на воените единици на рускиот западен воен округ.

Подготвителните работи за изградба започнаа минатата година, а изградбата на патишта започна во јули 2023 година. Планирањето за идната писта беше речиси завршено до почетокот на зимата, а работите беа обновени на почетокот на април по пролетното затоплување.

Почнувајќи од 27 април 2024 година, пистата на аеродромот е подложена на поставување на основниот слој или бетонска покривка. Според снимките направени од сателит должината на пистата треба да биде приближно 1800 метри, доволна за сместување на различни типови авиони, вклучувајќи воени транспортни авиони како Ан-26, авиони за копнени напади како Су-25 и хеликоптери.

Алексеевка спаѓа во зона каде што се забранети цивилни летови над руска територија, мерка која се спроведува како одговор на војната во Украина.

Дел од познавачите тврдат дека овој нов аеродром се гради за воени цели, бидејќи во руските медиуми нема извештаи за развој на нов цивилен аеродром во регионот Белгород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот