Плејбој зајачица ги откри бизарните сексуални фетиши на Леонардо Дикаприо

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Плејбој манекенката Хајке Конингс, која има 22 години, го наклевети Леонардо Дикаприо откако го бакнала за време на ноќно излегување во Лос Анџелес.

Таа истакна дека флертувала со холивудската ѕвезда (49) во ноќен клуб, но го опишала како „премногу чуден и премногу стар“, пишува „Дејли Мејл“.

Појавувајќи се на насловната страница на холандското издание на Плејбој, таа се присети на ноќта кога го запознала актерот оскаровец.

Фото: Инстаграм/ hieke_konings

“Тоа беше таен клуб во Лос Анџелес, во кој можеше да влезеш само ако те поканат. Го видов како седи во црн дуксер, со црна капа и тогаш ни се сретнаа погледите”, објасни таа.

Потоа, ѝ пришол менаџерот на Лео, ѝ рекол дека актерот сака да разговара со неа и ја однел на неговата маса.

Таа го опиша бакнежот со него како просечен.

„Беше во ред, но дефинитивно не најдоброто што сум го имала“, објасни таа. Потоа ја повикале да си оди дома со него, но таа го одбила.

Фото: Инстаграм/ hieke_konings

“Тој реагираше многу шокирано. Секако дека не е навикнат на тоа. Кога реков дека не го познавам доволно, ми одговори дека тоа е слатко. Го почитувам тоа. После тоа се сврте кон другата девојка и ја однесе дома”, изјавила плејбој зајачицата.

Хајк рече дека додека иако не спиела со Лео, имала неколку пријателки кои ја поминале ноќта со него и тврделе дека тој има некои сомнителни преференции во спалната соба.

„Една пријателка рече дека имал слушалките на ушите за време на сексот затоа што не сакал да ја слуша партнерката. А друга рече дека дури ѝ ставил перница на главата“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот