Платини: Уште од првиот ден бев против ВАР технологијата!

Поранешниот претседател на европската фудбалска куќа (УЕФА) и натаму е против применување на ВАР технологијата во текот на мечевите.

Мишел Платини вели дека не треба да се судат фудбалските моменти преку гледање на видео снимките.

– Уште од првиот ден бев против ВАР технологијата, фудбалските моменти не треба да се судат преку гледање на видео снимките – рече Платини за „Ил Кориере дело Спорт“.

– Тоа не го кријам, телевизијата ја нарушува целата перцепција на индивидуалните спорни моменти. Фудбалот е спорт на физички контакти, има редовни интервенции кои доколку поминат преку ТВ и се забават, доведува до неприфатливи толкувања. Еден прекршок на теренот мора да се процени и биде суден во прав момент – додаде поранешниот француски репрезентативец.

Според Платини ВАР ја „убива“ возбудата за гол, го обврзува играчот да прослави пет минути подоцна, а понекогаш дури и двапати.

– За повеќе еднаков натпревар, ВАР не е потребен, туку ни се потребни подобри судии. Контроверзноста на технологијата не е само ограничена во Италија, туку и во Англија, Шпанија и Германија – вели Платини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот