Планот за вакцинација против коронавирусот пропадна, во моментов има повеќе од 500 подсоеви на омикрон

Вакцинација против ковид-19 во Италија
Вакцинација против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Помеѓу 8.000 и 10.000 луѓе умираат од ковид-19 секоја недела, соопшти епидемиологот Марија Ван Керхове, која го предводи тимот за следење на заразните болести на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува ТАСС. Таа наведе дека целта на СЗО за вакцинирање на 70 отсто од населението во секоја земја не е постигната. Според нејзините зборови, вакцинацијата против ковид-19 е фундаментална.

„Кога размислуваме за вакцинација, треба да го земеме предвид и тоа дека 30 отсто од луѓето во светот сѐ уште не примиле ниту една доза“, рекла претставничката на СЗО.

Ван Керхове навела дека во моментов, секоја недела, помеѓу 8.000 и 10.000 луѓе умираат од ковид-19, а дека тоа е можно да се спречи.

Додала је да тренутно широм света кружи више од 500 подсојева омикрон варијанте.

Таа додала дека во моментов пирум светот циркучлираат повеќе од 500 подсоеви на варијантата омикрон.

Според нејзиното мислење, ковид-19 нема да исчезне, но постои надеж дека ќе заврши глобалниот вонреден режим на здравствена заштита што е во сила од 2020 година, пренесува Танјуг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот