„Плакарт“ и 13. Скопје постер фестивал: Дизајнерско движење против ковид-19

Организаторот „Плакарт“ и 13-то издание на Скопје постер фестивал се приклучуваат на глобалното дизајнерско движење против ковид-19 со изложба на плакати со мото „Цврсто, сите заедно!“. Во организација на „Плакарт“ во галеријата на МКЦ ќе бидат изложени плакати од 75 светски дизајнери, од 56 земји од целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија.

Целата иницијатива се реализира во соработка со „Постер територи“ од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер Мирко Илиќ од Њујорк, познат на нашата публика како еден од најинспиративните дизајнери и стрип-уметници од бивша Југославија.

Исто така, ќе бидат претставени и студентски плакати кои се приклучија на иницијативата за давање гласност на мисијата на дизајнерите и уметниците. Дел од дизајнерите кои ќе бидат застапени на изложбата се: Јоси Лемел (Израел), Мирко Илиќ (Њујорк), Хавиер Борбола (Куба), Адек Сапутра (Индонезија), Петре Поч (Унгарија), Тирсо Цезар (Италија), Кристофер Скот (Еквадор), Луис Ривера (Бразил), Ерин Брајт (САД), Роберт Јанг (Велика Британија), Небојша Гелевски и Лазе Трипков (Македонија), Хитоши Мјура (Јапонија) и други.

Изложбата ќе биде поставена во Галерија МКЦ од 16 до 26 ноември. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 56, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот