ПИСМО: За безобразието во образованието
Кога веќе се отвора темата за образованието, решив и јас да го изнесам мојот случај и истиот да го обрзложам. Барам одговор од Премиерот Зоран Заев, министерот за образование Арбер Адеми, Министерството за образование и наука, директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски и останатите надлежни, зошто и по две позитивни рецензии, не сум избрана во звањето доцент, односно Наставно-Научниот совет на Педагошкиот Факултет во Битола премолчено го чекаше истекот на рокот за конкурсот од 6 месеци без воопшто да гласа за или против, и ТРИ пати ја менуваше рецензентската комисија.
Препорачано
Полиглот сум и космополит со меѓународно универзитетско искуство како стипендист на европски влади и универзитети, рецензирани научни монографии, над 30 научни трудови објавени во зборници на светски конференции, со искуство како визитинг истражувач и предавач на странски универзитети, со бројни авторски изданија, преводи и придонес за македонската книжевност и хуманистика, со меѓународни книжевни награди, насекаде добро прифатена освен во својата земја.
Дали ова е едно општество за сите и дали функционира правната држава? Прашањето е, зошто не се почитува Законот за високо образование и дали заради нечии лични калкулации и интереси, во Педагошкиот факултет во Битола молчешкум се чекаше да истече рокот од конкурсот и не се донесе одлука за избор во звање и покрај двете позитивни рецензии на комисијата составена од реномирани универзитетски професори?
Комисијата која ме избра со две позитивни рецензии, преку ноќ беше сменета без соодветно образложение.
Почитувани, сакам да ѝ дадам последна шанса на оваа држава да го искористи мојот интелектуален, научен и академски потенцијал, пред засекогаш да ја напуштам. Верувам дека мојот случај ќе се преиспита и дека неправдата ќе биде исправена.
Со почит,
д-р Славица Свидерска


