Писмо на сирачињата од „Титаник“: Татко им ги киднапирал и ги однел на бродот кој бил осуден на пропаст (ФОТО+ВИДЕО) - Слободен печат

Писмо на сирачињата од „Титаник“: Татко им ги киднапирал и ги однел на бродот кој бил осуден на пропаст (ФОТО+ВИДЕО)

Едно од децата кое го преживеа потонувањто на „Титаник“, напишало писмо во кое опишало детално на што се сеќава во врска со несреќата.

Во четириделниот документарец „Титаник: Приказни од длабочината“, пренесена е приказната на Мишел Навратил, кого заедно со брат му, татко им ги повел на „Титаник“.

Браќата од Франција, Едмонд и Мишел Навратил имале две и четири години кога татко им ги киднапирал од мајка им Марсела и ги качил на „Титаник“.

Edmond and Michel Navratil.

Четвртиот ден од патувањето, бродот удрил во леден брег.

Навратил, кој бил патник во втора класа, брзо ги изнел своите момчиња и ги ставил во чамец за спасување. Тој чамец бил последниот кој успешно го напупштил бродот што тонел, а Едмонд и Мишел тогаш последен пат го виделе татко им.

По трагедијата браќата во медиумите го добиле прекарот „Сирачињата од Титаник“, бидејќи биле единствените деца спасени без родител или старател.

Документарната серија ја прикажува внуката на Мишел, Елизабет, како го чита писмото кое Мишел го напишал како дете и во кое го опишал како го доживеал тоа што се случило.

Profimedia

„Ме разбуди татко ми. Ме носеше во раце. Јас и брат ми бевме ставени во чамец. Тој веќе беше полн со патници. Тато ми рече на мама да ѝ ја пренесам неговата љубов, а потоа нè остави. Се сеќавам на моментот кога чамецот се спушти од „Титаник“. Бучавата кога падна во водата. И моментот кога почна да се оддалечува од бродот. Се сеќавам дека се разбудив во чамецот. Морето беше бело и модро, а во далечината имаше брод“, напишал Мишел.

 

„Дете мое, кога мајка ти ќе дојде по тебе, кажи ѝ дека ја сакав и дека уште ја сакам. Кажи ѝ дека очекував дека ќе тргне по нас за сите среќно да живееме во мирот и слободата на Новиот свет“, му рекол татко му.

Фотографијата која ја објавиле медиумите

Кога спасувачкот брод „Карпатија“ стигнал еден час и половина откако „Титаник“ потонал, Мишел и Едмонд биле подигнати во бродот.
Патничката Маргарет Хејс, која зборувала француски, ги земала да ги чува двете деца додека мајка им Марсел не ги пронашла.

Profimedia

Марсел ги видела фотографиите на своите синови во весниците, каде што погрешно биле именувани како Луи и Лола, па отпатувала со брод во Њујорк и на 16 мај 1912 година повторно се сретнала со своите деца и ги донела назад во Франција.

 

Прочитај повеќе

Најнов изум на технолошкиот гигант: „Невидливата“ тастатура на Самсунг

Слободен печат

Разговор со Јана Коцевска: Вистинските хероини се непретенциозини и „невидливи“

Јасмина Кантарџиева Димков

Пред 30-та ова мора да го научите за ЉУБОВТА!

Јасмина Кантарџиева Димков

5 докажани начини за успешно интервју за работа

Слободен печат

Само една фирма од Македонија на штандот за храна во Берлин?!

Весна Дамчевска

И Трамп и Шилегов го имаат истиот проблем

Сашо Орданоски

Остави Коментар

fourteen − one =

Прочитај повеќе

Наши миленици: Маца Лукас, вистински позер!

Слободен печат

Здрава вода што се подготвува дома (РЕЦЕПТ)

Слободен печат

Хороскопските знаци и чевлите

Слободен печат

Прва жена фаворит за Оскар за филмска музика – Хилдур Гуднадотир

Слободен печат

Детоксикација на организмот после празниците

Слободен печат

Почина Тери Џонс, актерот од познатата група „Монти Пајтон“

Слободен печат