Пировска: Треба да се утврдат точни критериуми по кои ќе се исплаќа К-15

Анализите на Хелсиншкиот комитет за човекови права се направени на терен, во разговор и добивајќи податоци директно од текстилните работнички, истакна денеска Уранија Пировска по објавувањето на анализата за К-15, направена од Хелсиншкиот комитет. Забележа дека проблемот со исплатата на К-15 е долгодишен проблем и поради тоа направиле ваква опсежна анализа, во којашто, како што рече, ги истакнале сите недостатоци.

– Дадовме одредени препораки, за коишто сметаме дека државата мора под итно да ги спроведе. Законската рамка, којашто се однесува на ова прашање и законските одредби не се докрај објаснети, односно постои одредена недореченост, што секако си ја злоупотребуваат работодаваците. Значи просторот за манипулации со Законот мора да биде сведен на минимум. Треба да бидат точно одредени критериумите, како ќе се исплаќа К-15 за да не дојде до тоа да работникот на крај биде оштетен, рече Пировска.

Забележа дека за жал законите во земјава се правени да бидат во интерес на работодавците, а не на работниците.

-Законот за работни односи претрпе милион измени, повторно постои работна група којашто работи на Законот за работни односи, рече Пировска.

Таа се надева дека токму оваа прашање за исплата на К-15 на работниците ќе се реши во пакет заедно со другите недоречености, кои ги има актуелниот Закон за работни односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот