Пикси: Голем ден за српскиот фудбал, дочекавме пласман на Европско првенство

Фото: EPA-EFE/Robert Hegedus

Репрезентацијата на Србија денес ремизираше 2:2 и така се пласираше на Европското првенство кое наредното лето ќе се игра во Германија.

Селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ – Пикси по натпреварот не го криеше задоволството порачувајќи дека ова е голем дел за српскиот фудбал.

„Ова е голем дел за српскиот фудбал, земјата дочека својата репрезентација да ја гледа на Европско првенство. Честитки до момците, среќни сме и задоволни. Ваквите натпревари со себе носат голем притисок, играчите покажаа менталитет и не се предадоа. Во првото полувреме комплетно го контролиравме натпреварот, но ни се случија грешки при двата гола на Бугарија“, изјави Пикси.

Според најавите Србија треба да биде во третиот шешир на ждрепката за групната. За Србија ова е прв пласман на Европско првенство по 24 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот