Петте најскапи парфеми на светот: Еден чини повеќе од милион евра

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Меѓу огромниот број луксузни парфеми кои се нудат, некои се за нијанса над другите, како по квалитетот на мирисот, така и според цената.

Овие ултра луксузни парфеми се како уметнички дела, и во однос на сложената комбинација на мириси и во однос на пакувањето и шишињата.

На врвот на листата на најскапи парфеми е „Шумук“ (Shumukh). Лансиран во 2019 година, овој парфем направен од роза и сандалово дрво чини повеќе од милион евра, пишува „Индекс.хр“.

„DKNY“ го има вториот најскап парфем во светот. Развиен од дизајнерот Мартин Кац, овој овошен, цветен мирис со ноти на цвет од портокал, крин, слива и мошус доаѓа во луксузно шише покриено со накит од целиот свет. Неговата цена е само малку пониска и чини 900.000 евра.

„Булгари“, „Клајв Кристијан“ и „Џани Виве Сулман“ исто така избраа раскошни шишиња за своите луксузни парфеми. Речиси сите овие лимитирани парфеми се украсени со злато и скапоцени камења.

Еве ја листата на петте најскапи парфеми во светот:

5. Парфемот „VI“ од Џани Виве Сулман

„VI“ од Џани Виве Сулман – Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Цена: 80.678,50 евра

Овој парфем во ограничено издание беше лансиран во 1998 година. Парфемот со јасмин и специјална роза од Грас некогаш беше омилен парфем на кралот на поп музиката Мајкл Џексон. За високата цена на овој парфем придонесоа златното шише, дијамантскиот затворач, дијамантите, рубините и златниот клуч. Парфемот беше ограничен на само 173 парчиња.

4. „Империјал маџести“ на Клајв Кристијан

„Империјал маџести“ на Клајв Кристијан – Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Цена: шише парфем од 500 мл се продаваше по цена од 194.897,50 евра

Во 2006 година, Клајв Кристијан одлучи дека на своите многу посебни клиенти ќе им понуди 500 мл апсолутно парфемно масло во најдоброто шишенце што тој и мајсторите на стакло во облсата Бакарат можеле да го осмислат.

Секој парфем содржел најконцентрирана форма на мирисно масло и затоа имал неспоредлива длабочина и долговечност. Парфемот содржи мешавина од масло од роза, јасмин и тахитска ванила, а е создаден од познатиот британски парфимер Роџа Дов. Дизајнот на шишето е украсен со 18-каратно злато и 5-каратна дијамантска јака.

3. „Опера Прима“ од Булгари

Цена: шишето се продавало за 226.625,00 евра

Иако парфемот беше лансиран во 2014 година, Булгари го продаде на приватен клиент дури во 2021 година. Станува збор за парфемот „Опера прима“ дизајниран од Даниела Андриер.
Ставен во извонредно шише создадено од познатиот производител на стакло Венини и инспириран од римскиот аморф, овој парфем е надополнет со 250 каратен цитрин, 4,45 каратен аметист и 25 каратни дијаманти.

2. „Golden Delicious Million Dollar“ на DKNY

„Golden Delicious Million Dollar“ на DKNY – Фото: Принтскрин/ Твитер

Цена: 906.500,00 евра

Овој парфем во ограничена едиција е создаден за аукцијата „Екшн агеинст хангр 2011“, а приходите биле наменети за самата организација. DKNY се здружи со познатиот дизајнер на накит Мартин Кац за да го создаде парфемот.

Шишето е изработено од мајстори за накит, кои поминале повеќе од 1.500 часа внимателно поставувајќи 2.909 скапоцени камења од целиот свет, вклучувајќи 2.700 бели дијаманти, 183 жолти сафири, кабошон сафир од Шри Ланка, тиркизен параиба од Бразил и петнаесет розови дијаманти од Австралија.

1. „Шумук“

„Шумук“ – Фото: Принтскрин/Инстаграм

Цена: 1.173.917,50 евра

Шумук содржи три литри парфем и се состои од најдобрите природни состојки од најоддалечените делови на светот. Украсен е со 3571 дијаманти, злато, сребро, бисери и топаз. Шумук е моментално најскапиот и најлуксузниот унисекс парфем во светот, проценет на 1,295 милиони долари.

Лансиран во 2019 година во балската сала Армани во Бурџ Калифа, Шумук е мешавина од состојки како индиско агар дрво, сандалово дрво, мошус, турска роза и неколку други состојки. Асгар Адам Али, познат парфимер од Дубаи, го дизајнираше овој мирис, а го произведуваа реномирани занаетчии и мајстори од Италија, Франција и Швајцарија.

Со кожна витрина висока речиси 2 метри, амбалажата е уметничко дело сама по себе. Основата е украсена со три златни арапски школки и три сребрени школки, секоја со вистински бисер.

Сетот го комплетираат минијатурен глобус со златни континенти и три прекрасни рози во розово злато и дијамантска прашина. Од основата, три мермерни столбови се издигнуваат до златна купола на врвот со златен сокол обложен со дијаманти. Има само едно шише, па затоа е исклучително ретко и скапо и со текот на времето ќе му се зголеми вредноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот