Петровска: Со успешни примери од европските метрополи ќе го направиме Скопје зелен и хуман град

Ана Петровска / Фото: Фејсбук, Ана Петровска

Кандидатот за градоначалник на Скопје Ана Петровска и носителката на советничката листа на Зелен хуман град, Драгана Велковска, имаа онлајн-средба со претставници на германските Зелени – градоначалникот на вториот дистрикт во градот Диселдорф, Патрик Шифер, советникот и почесен конзул на нашата земја во Северна Рајна Вестфалија, Холгер Арнт, и претседателот на Советот на емигрантски организации, Гоце Перовски.

Петровска во соопштение до медиумите информира дека разговарвле за заедничките заложби и зелени вредности кои ги негуваат и преку кои се обидуваат да го подобрат живеењето на граѓаните во градовите.

– Тие ни ги пренесоа своите искуства за зазеленување на Диселдорф, за напорите кои ги прават тој да има повеќе вело и пешачки патеки и за поголема вклученост на граѓаните во локалните политики, исто така како што и ние имаме намера да направиме во градот Скопје. Имаме многу што да научиме од германските градови за водење успешни зелени политики. Пријателските совети се секогаш добредојдени, им благодариме на големата поддршка. Заедно преку успешни примери од европските метрополи ќе го направиме Скопје зелен и хуман град, истакнува Петровска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот