Петре сам, контра „Цело Скопје ВМРО-вски град“!

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

На многумина им се запрепасувачки паролите што сега некои луѓе ги извикуваат: „Цело Скопје ВМРО-вски град“. Зошто да биде само ВМРО-вски и што точно значи тоа ВМРО-вски град?

Она на што скопјани се сеќаваат е дека кога последен пат беше ВМРО-вски град, Скопје беше „силувано“ со барокни градби и фасади од прескапиот „налудничав“ проект „Скопје 2014“.

На социјалните мрежи активни се две групи кои се нарекуваат „Стари скопјани“ и кои гордо постираат слики од ним саканото Скопје од некогаш, пред земјотресот, но и од подоцна кога Скопје се раѓаше од пепелта. Тогаш Скопје им припаѓаше на сите. Не само на скопјани, туку на светот.

Затоа на многумина им се запрепасувачки паролите што сега некои луѓе ги извикуваат: „Цело Скопје ВМРО-вски град“. Зошто да биде само ВМРО-вски и што точно значи тоа ВМРО-вски град?

Она на што скопјани се сеќаваат, е дека кога последен пат беше ВМРО-вски град, Скопје беше „силувано“ со барокни градби и фасади од прескапиот „налудничав“ проект „Скопје 2014“.

Тоа веќе не беше „Ова е наше Скопје, тука ни е сѐ…“ Беше нечие туѓо, од кое се срамевме.

А ни тоа не смеевме да го правиме јавно, зашто во центарот на градот пред „тазе“ никнатите споменици дежураа „чувари на убавината“ кои ќе ти се заканеа само ако гласно изговориш нешто против грдотијата, во што се претвори градот.

Не беше лесно да се изборат скопјани за „ново“ Скопје. Многумина се и денес револтирани што радикално не се збриша тоа Скопје од лицето на земјата. Но, веројатно не оди тоа така лесно како што посакуваат, а и сигурно чини пари.

А заради „тоа“ Скопје, сè друго во градот беше запоставено, сите други скопски маала или општини.

И таман во изминатиот период почна да се гради и Скопје почна да се отвора, да се модернизира, повторно слушаме славенички извици:„Цело Скопје ВМРО-вски град“, како резултат на победата на оваа партија во градските општини на локалните избори.

Ако, нека слават, ама зошто Скопје да било само нивно. Другите, кои тоа не се, што треба да прават, да се иселат, или да се приклонат да манифестираат некаква вмровштина, што и да подразбира таа.

Да почнат, на пример, да веат знамиња на Вергина пред своите домови, или да ги носат нарамени на грб на митинзите, да слушаат турбо фолк музика на прославите, да плукаат по припадниците на ЛГБТ по улиците, или да им се дерат на „северџаните“ кои Македонија ја нарекуваат северна… Ете, нека направат список на популарни активности, препознатливи за категоријата ВМРО – вредности.

Оттаму и дилемата, за кое модерно Скопје сега се бори Данела (независната), за тоа истото со лавовите на мостовите, или за некое друго? Зошто таа ни збор за тоа не кажува? Зошто го крие?

Данела е симпатична личност и, можеби, е прифатлива за народот, но таа сè уште не е спремна за Скопје. И таа го знае тоа. Нејзините медиумски настапи се тенки како „одење по жица“ од страв да не погреши во одговорите, а јавните настапи се како пеење „плејбек“ со отворање уста, зад која музичка матрица свири ПР-службата на ВМРО-ДПМНЕ. Таа и самата не верува во тоа што го зборува.

За разлика од неа, Петре Шилегов може не е толку мил за да го сакате, но Петре за Скопје направи многу. Повеќе од многу други пред него. За некои, тоа не е доволно и веројатно е така.

Можело и повеќе, и тоа е точно. Но, сè додека на тоа Скопје на Петре, му се спротивставува некое „модерно“, а всушност недефинирано, „барокно“ на Данела, првото ќе има предност.

Оттаму, не програмата на Шилегов, туку онаа на Данела е полна со „ЌЕ“, без план каде, како и со кои пари тоа „ЌЕ“, ќе биде реализирано.

Видео на денот