Петмина повредени во сообраќајки во Скопје

Фото: Илустрација

Пет лица се полесно повредени во четири од вкупно 13 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во девет од сообраќајките била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 63 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 15 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, 21 возач за не носење заштитен шлем, 16 возачи за не  користење сигурносен појас, четворица возачи за не носење сигурносен појас, како и 14 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 49 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак”, отстранети биле 43 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот