Петмина повредени во сообраќајка кај Штип

Фото: МИА

Три лица се тешко повредени, а двајца полесно по излетување на автомобил „форд мондео“ од коловозот на магистралниот пат Штип-Радовиш. Несреќата се случила вчера доцна попладнето информираат од СВР-Штип.

Во соопштението се наведува дека  патничко возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 40 – годишпниот С.А. од Германија, со место на живеење во Кочани, излетало од коловозот.

По незгодата возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница – Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците на возраст од 19 години со исти иницијали С.А. и двајцата од Кочани им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот