Петер Маѓар ќе го назначи зетот за министер за правда на Унгарија, а сестра му нема да биде судијка
Идниот премиер на Унгарија Петер Маѓар најави дека ќе го постави сопствениот зет Мартон Мелетеи Барна за министер за правда во владата. Опозицијата удри со жестоки критики, но Маѓар ја брани својата одлука и не отстапува од неа. Сепак, додаде дека сестра му ќе биде суспендирана од позицијата судија. Мелетеи Барна е оженет со сестра му на Маѓар, Ана Илона.
Препорачано
Ünnepi üzenet a magyar nemzethez 22 évvel Magyarország uniós csatlakozása után a TISZA-kormány működési elveiről. pic.twitter.com/omIjhDnPOl
— Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeterMP) May 1, 2026
-Треба да почнеме да ја позиционираме нашата држава на правиот пат, да ги донесеме дома фондовите на ЕУ, да ја придвижиме економијата и да ги подобриме услугите на јавната администрација, вели Маѓар во шестминутно видео кое го објави на социјалните мрежи.
Во него тој додава дека исто така „треба да ги лекуваме раните од минатите децении, да ја обединиме унгарската нација и да ги изведеме пред лицето на правдата оние што извршија криминални дејства во претходниот режим“.
Мелетеи Барна беше најавен како министер за правда заедно со кандидатот за министер за внатрешни работи Габор Посфаи.
Мелетеи Барна е адвокат и факултетски колега на Маѓар. Тој беше еден од десетте основачи на партијата Тиса која беше основана во 2020 година. Тој имал бројни партиски функции поради познавањето на правото.
-Идниот министер за правда има беспрекорна домашна и меѓународна кариера, многу квалитетна работа и визија. Тој е дел од нашето движење од самиот почеток, водејќи ги нашите операции и програма. Долго откако се приклучи кон нашето движење, тој се ожени со сестра ми. Од оваа причина природно сметам дека неговата работа треба да биде што појавна, вели Маѓар во видеото.


