Пет причини зошто пријателството со поранешниот партнер не е добра идеја!

Принтскрин

Без разлика на се што сте слушнале, идејата да останете во добри односи со поранешните партнери никако не е добра, покажа психолошкото истражување направено на страницата Wiley Online Library. Има многу причини за тоа, а на порталот BrightSide се издвоија 5 кои ќе ви бидат доволни да во иднина не ни помислите да одржите контакт после прекинување на врската.

1. Чувствата не исчезнуваат толку лесно

Доколку имате било какви чувства спрема поранешниот партнер, зошто со него би влегле во „пријателската зона“? Замислете како ќе се чувствувате кога ќе ви раскажува за новата врска.

2. Помали се шансите да се заљубите повторно

Доколку постојано се гледате со поранешниот партнер, потешко ќе го преболите, што ќе ви го направи потешко запознавањето и заљубувањето в онекој нов. После раскинувањето на луѓето им е потребно време да се оладат, а во друштво на бившиот тоа е невозможно.

3. Вашиот поранешен партнер можеби се уште чувствува нешто спрема вас

Доколку вие сте го иницирале прекинувањето на врската, можно е пријателството на вашиот партнер само да му го отежни процесот на преболување. Земете ги во предвид и неговите чувства.

4. Можеби ќе се смирите

Ова можеби ви звучи како добар расплет на раскинувањето, но смирувањето со бившиот обично не се покажува како добра идеја. Сигурно сте прекинале со добра причина, а грешките секогаш можат да се повторат.

5. Можеби ќе бидете љубоморни

Доколку вашиот партнер продолжи понатака и најде некој нов, веројатно ќе бидете љубоморни или на неговата нова девојка или на тоа дека му иде подобро од вас. Во секој случај, тоа не се пријателски чувства, па најдобро е да ги избегнете со прекинување на контакт после крајот на врската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот