Пет луѓе загинаа и 10 се ранети во напад на луксузен хотел во Сомалија

Најмалку пет луѓе загинаа и 10 се ранети во нападот во луксузен хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според полициски извори, се уште се водат рпестрелки со напаѓачите кои држат заложници.

Полицијата во Сомалија соопшти дека експлодирал автомобил-бомба во близина на луксузниот хотел „Елит” на плажа во Могадишу и дека потоа имало размена на оган.

Во новоизградениот хотел „Елит”, доаѓаат млади луѓе од елитните кругови на главниот град на Сомалија.

Тој напад го прекина повеќемесечното примирје.

Екстремисти од сомалиските муслимани, бунтовници на ал-Шабаб, поврзани со Ал Каеда, најчесто организираат такви напади во Могадишу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот