Плакат со филмот„Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак

Пет филмови може да се гледаат онлајн во рамки на Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на регионалните филмски фестивали ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови, овозможи бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана.

По одржаните кино проекции, филмовите „Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак, „М“ на Вардан Тозија, „Набљудување“ на Јанез Бургер, „Работничката класа оди во пеколот“ на Младен Ѓорѓевиќ и „Само кога се смеам“ на Вања Јураниќ од 18 до 26 јануари се достапни онлајн на заедничката платформа која може да се најде на линкот: https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/page/mreza-festivala-jadranske-regije-zimsko-izdanje/.

Третото Зимско издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е организирано со цел да ги промовира и направи повидливи квалитетните регионални филмски остварувања, а е прво во кое е вклучен ИФФК „Браќа Манаки“ и прво кое се одржува и во Македонија.

Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е поддржана од потпрограмата МЕДИА на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот